Сарачини-Оер: Македонија и Франција да ја интензивираат економската соработка

Од:

Економската соработка меѓу Македонија и Франција треба да биде на многу повисоко ниво, заеднички да се интензивира  на меѓувладина основа, но и меѓу деловниот сектор. Ова е заклучокот од денешната работна средба на министерот за економија Ваљон Сарачини и француската амбасадорка Лоренс Оер.

Како што соопшти Кабинетот на министерот, по иницијатива на двете страни е договорено реализирање проект за изучување на францускиот јазик наменет за вработените во Министерството за економија.

Во текот на разговорите Сарачини ги истакнал приоритетите на владините политики, потенцирајќи дека вниманието треба повеќе да се насочи кон енергетиката и патната инфраструктура зашто од големо значење за една држава е привлекувањето странски инвеститори и компании, како и  странски туристи, со оглед на географската положба на Македонија и нејзиниот севкупен инвестициски и природен потенцијал.

Сарачини информирал и за проектите наменети за младите. Посебно се осврнал на „Биди перспективен, почни свој бизнис“ преку кој младите ќе научат како една идеја може да прерасне во успешен бизнис. Се спомнала и можноста во иднина македонски студенти да посетат некои од интернационалните компании во Франција.

Амбасадорката Оер ја искажала француската поддршка за македонското евроатлантско интегрирање, го поздравила позитивниот прогрес на реформите во Македонија кои неодамна беа потврдени и со Годишниот извештај на Европската комисија.

Уште еден показател за поддршката што Република Франција ја дава на Македонија е и утрешниот француско-македонски форум, организиран од Амбасадата на Франција во Скопје.

Би можело да ве интересира

Над 2.500 земјоделски и прехранбени производи се очекува да поевтинат со новиот закон за нефер трговски практики

Орце Костов

Работниците со ниски приходи ќе добијат 3.555 ваучери за туризам од 300 евра

Орце Костов

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

Орце Костов

Путин: Русија ја престигна Германија и стана првата економија во Европа

Горан Наумовски

Николовски: Очекувам цена до 400 денари за тутун од прва класа и минимум за 20 отсто повисоки откупни цени за годинава

Секој граѓанин треба да плати за тоа што потрошил: Бектеши повика да се реши проблемот со струјата во Слупчане

Орце Костов