Сарачини: Фирмите да не се регистрираат на домашна адреса е само иницијатива

Од:

Предлогот фирмите да не можат да се регистрираат на домашна адреса е само иницијатива која произлезе од тоа што во последно време се прави злоупотреба на повратот на ДДВ, изјави денеска министерот за економија Ваљон Сарачини.

Одговарајќи на новинарско прашање, Сарачини нагласи дека допрва треба да се слушнат сугестиите од компаниите и стопанските комори за потоа да се одлучи дали има потреба од измени на Законот за трговски друштва.

– Тоа е само предлог законско решение поставено на веб страната ener.com.mk  и да се слушнат сугестиите од компаниите и стопанските комори. Се уште не е пратен законот во владина процедура. Треба да се одржи јавна дебата, да се слушнат стопанствениците за да можеме да донесеме заклучок дали има или не потреба од измени и дополнувања на Законот за трговски друштва, изјави Сарачини по средбата со домашните и странските инвеститори.

Тој нагласи дека иницијативата произлегла од тоа што во последно време е забележано дека се прави злоупотреба на повратот на ДДВ.

– Многу компании имаат иста адреса со местото на живеење. Се случува управител или директор на некоја копанија која е регистрирана на домашна адреса многу често за набавка на персонални средства да бара поврат на ДДВ. Тоа е злоупотреба на повратот на ДДВ и затоа сакаме да го стопираме тоа. Но, во ниту еден случај нема да дозволиме да трпи малиот бизнис поради едно вакво законско решение, потенцира министерот Сарачини.

Би можело да ве интересира

Стратешка реформа за фискална стабилност и економски развој-нов закон за ангажирање

Самир Мане – првиот милијардер од Западен Балкан на листата на Forbes

Предраг Петровиќ

Голема наградна игра “Стани милионер со УНИБанка!”

Петрушевски: Трпе Деановски од УПОЗ со плата од 104.000 денари, додека со Трендафилов ги лажат работниците за минимална плата

Предраг Петровиќ

Средба Бежоска − Шиаочин Ју: Светската банка изрази задоволство од напорите на Народната банка за членството на земјава во СЕПА

Со името на Коста Шапков, првиот пациент во Жан Митрев, почна да се испишува и историјата на клиниката