Самит на Македонија 2025 во Скопје

Од:

Во Скопје утрово почна петтиот Самит на Македонија 2025. Над 250 гости ќе проследат дискусии за економскиот напредок на Македонија според мерениот индекс составен од Македонија 2025 во соработка со МекКинзи.

Присутните утрово ги поздравија членовите на Одборот на директори Вера Ставроф, Мајк Зафировски и Живко Мукаетов, а во текот на дводневниот Самит ќе имаат можност да слушнат за најновите светски трендови во бизнисот, инвестициите, финансиите, лидерството, иновации и технологија.

Ќе се дебатира за одржливоста на енергенсите и можноста да се користат обновливи извори на енергија според примерот на нордиските земји кои планираат 100 проценти да се снабдуваат со одржлива енергија. Ќе се зборува за циркуларната економија, термин кој означува револуција во индустриската економија преку намалување на отпадот и избегнување на загадувањето. Експерт од ЕУ ќе зборува за трансформирање на градовите во паметни градови според примерот на неколку европски центри.

Првпат ќе се претстави програмата на Европската вселенска агенција и можноста приватниот сектор да се вклучи во нивнитге истражувања. Ќе бидат презентирани и најновите светски технолошки достигнувања како емоционално инженерство, теле-здравје и развој на интелигентна комуникација помеѓу машини.

Самитот е на тема Платформа за пренесување знаење од областа на бизнисот, лидерството и иновациите.

Би можело да ве интересира

Во тек се преговорите со откупувачите за новата реколта тутун

Државниот инспекторат за животна средина се врати во матичното Министерство

Триесеттина патници дневно на повторно воспоставената железничка линија Скопје-Куманово-Скопје

Што растеше побрзо – платите или цените?

Доналд Трамп назначи бизнисмен со српско потекло за шеф на државната банка

Намален прометот во индустријата