Од денеска до 4 март во три саемски хали на Скопскиот саем ќе се одржи 14. Меѓународен саем на градежништво, градежни материјали и градежна механизација и 7. RealExpo – Меѓународен саем на недвижности.
На Саемот на градежништво ќе се нудат и продаваат производи и услуги за работа, одржување, модернизирање, реновирање и опремување објекти и имоти.
Целта на Саемот на градежништво е да го задржи и промовира растот на оваа стопанска гранка и да им понуди на посетителите директен пристап до најдобрите компании кои функционираат во овој сектор.
Се очекува саемот да го посетат и голем број на експерти кои ќе имаат можност да се запознаат со новите трендови во градежништвото.
На Саемот за недвижнини – RealExpo ќе учествуваат компании кои ќе ги изложат своите понуди за станбени објекти, а посетителите ќе можат да разгледаат голем опус на станови како една од најважните животни одлуки.
За време на саемот, експерти од областа на енергетската ефикасност ќе ги презентираат мерките и придобивките од воведување на системи и методи за енергетска заштеда.
Промоцијата на енергетската ефикасност на Саемот на градежништво е поддржано од Швајцарската Амбасада во Република Македонија преку Програмата за зголемување на пазарната вработливост (IME – Increasing Market Employability). Се работи за програма на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) имплементирана од водечкиот партнер Swisscontact, во соработка со локалниот партнер ПРЕДА Плус.
Цената на влезница за посетители изнесува 80 денари, а за групна посета е 40 денари.