Саем на кариера и вработување во вторник на платото на УКИМ

Од:

Саем на кариера и вработување 2019 ќе се одржи на 22 октомври, вторник, од 11 до 14 часот, на платото на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Агенцијата за млади и спорт обезбедила над триесет домашни компании, младински организации, агенции за вработување, едукативни центри и понуди за младински поволности.

Саемот, како што соопштија од Агенцијата за млади и спорт, е наменет за сите млади што бараат практика, работа, можности за вмрежување, младински активизам, ИТ-едукација, програми за работа надвор од државата, проекти „Еразмус+“, тренинзи, работилници, преквалификација и доусовршување.

Идејата е младите да дојдат со својата кратка биографија во печатена или електронска форма и да искористат некоја од можностите.

Би можело да ве интересира

Саем на кариера и вработување на платото на УКИМ

Ана Ололовска

Со 1 клик до работа во Македонија, Хрватска, Србија и БиХ

Ана Ололовска

За прв пат во Македонија: Виртуелни денови за вработување

Ана Ололовска

Заев: Нови 49.552 вработувања за две години

А1он

ДСКС ќе бара анализа на законите за вработување во јавниот сектор и на злоупотребата на дискреционото овластување при вработување

(ВИДЕО) Јовановска: Кога невработените лица ќе ги повикаме на интервју за работа, не доаѓаат

Ана Ололовска