Руската инфлација ги проби сите проекции

Од:

Министерот за финансии на Русија, Антон Силуанов, смета дека инфлацијата во земјата, на годишно ниво, во јануари ќе достигне двоцифрена стапка, пренесе „Финмаркет.ру“
Како што соопшти Силуанов, годишната инфлација на 10 ноември изнесувала 8,6 отсто.

Министерот за економски развој, Алексеј Уљукаев, во понеделникот соопшти дека инфлацијата за 2014 година може да биде девет отсто, а на крај на првото тримесечје во 2015 година ќе достигне 10 отсто на годишно ниво.

Уљукаев потсети дека падот на рубљата во споредба со основните валути изнесуваше од 30 до 40 отсто, а падот од еден процент предизвикува инфлација од 0,1 отстотен поен за шест до девет месеци. На тој начин, тековната девалвација на рубљата, според него, ќе ја подигне инфлацијата за 3,5 отстотни поени, а главниот ефект може да биде видлив на крајот на тримесечјето.

Централната банка минатата недела ја ревидираше прогнозата за инфлацијата за оваа година на 8,2 до 8,4 отсто од претходно проектираните 7,5 отсто.

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста

(ВИДЕО) Руски медиуми: Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петербург, има загинати

Горан Наумовски