Русија ја планира Македонија на главната траса на „Турски тек“

Од:

Гасоводот „Турски тек“ би можел од Русија преку Црното Море, Турција, Грција, Македонија и Србија да дојде до Унгарија, а можеби и до Австрија, најави рускиот претседател Владимир Путин при неодамнешната посета на Унгарија и средбите со унгарскиот премиер Виктор Орбан.

– Одлуката главно ќе зависи од нашите европски партнери дали сакаат стабилно, загарантирано и апсолутно транспаренто снабдување со енергенси од Русија и тоа без ризици при танспортот, порача Путин.

Тој нагласи дека доколку тоа го сакаат европјаните изградбата на гасоводот може да почне.

Директорот на Институтот за политички капитал од Будимпешта, Петер Креко за српски „Блиц“ вели дека понудата на Путин за изградба на „Турскиот ток“ дошла како гром од ведро небо.

– Предлогот на Путин делумно е реален, но е тешко да се предвиди дали е остварлив. Тој дојде од нигде никаде како изненадување за Унгарија и за Европската комисија, нагласи Креко.

Во игра за снабдување на Европа со гас е и Азарбејџан кој нуди гас од Каспиското Море.

Русија неодамна поради големиот број на законски и регулаторни обврски што ги наметнуваше Европската унија се откажа од изградбата на гасоводот „Јужен поток“ што требаше да поминува преку Црното Море, Бугарија, Србија и Унгарија и да стигнува до големиот центар за складирање на природен гас Баумгартен во Австрија.

Планот за „Јужен поток“ не предвидуваше Македонија да биде на главната траса на гасоводот, туку само еден крак од Србија или Бугарија да доаѓа до земјава за задоволување на нејзините потреби. Сега се отвора можност Македонија да биде на главната траса на новиот гасовод и да добива значителни средства од транспортот на гас низ нејзината територија.

Би можело да ве интересира

Експлодираше гасовод во регионот на Харков

Голем интерес за тендерот за гасоводот Грција – Македонија

Орце Костов

„Енерџи прес“: До крајот на месецов Грција ќе го објави тендерот за изградба на интерконекторот со Северна Македонија

Кина го поткопува клучниот проект на Путин, правејќи ја Москва нервозна

Белград започна со изработка на просторно-техничка документација за гасната интерконекција Србија-Северна Македонија

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Експлодираше гасоводот што ја поврзува Литванија со Летонија

Горан Наумовски