Рурална коалиција: Земјоделците да се вклучат во креирањето политики

Од:

Околу 60 отсто од земјоделците во Македонија сметаат дека треба да се менува начинот на распределба на субвенциите. Само три отсто од нив знаат што содржи Законот за земјоделство и рурален развој и како тој ја регулира нивната работа, изјави денеска Лилјана Јоноски, извршен директор на Рурална коалиција – Куманово.

– Недовербата во институциите, недостигот од доволно отворен и транспарентен процес на вклучување на земјоделците во делот на креирање политики, кога станува збор за развој на земјоделството, се наметнуваат како едни од главните предизвици со кои што се соочуваат земјоделците, рече Јоноски.

Според неа, согласно истражувањето што го спровело Рурална коалиција, дури 64 отсто од земјоделците се изјасниле дека одговор на нивните барања до институциите добиваат во рок од 15 дена. Меѓутоа, таа вели дека она што загрижува е тоа што тие ниту имаат информација, ниту пак некој од нив се пожалил зошто тоа е така.

– Кога станува збор за ефикасноста на јавните услуги земјоделците немаат информација каде да се пожалат, или како да придонесат во процесот на подобрување на давањето на јавни услуги од страна на институциите, истакна Јоноски.

Во периодот февруари-март годинава, Коалицијата спровела иустражување на над 140 испитаници токму во овој дел на ефикасноста на услугите на јавните институции, но ниту еден од нив не искажал интерес да праша со колкав буџет располагаат институциите кои работат во делот на рурален развој.

Претседателот на Рурална коалиција Мендух Нухија, смета дека треба да се работи на менување на свеста кај општините, подрачните единици и тие активно заедно со земјоделците да учествуваат во предлози до новото Министерство за земјоделство околу проблемите на земјоделците и креирањето на аграрната политика на ниво на држава.

Би можело да ве интересира

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници