Рударски и трудови инспектори направија увид во пробиштипскиот рудник „Добрево“, чиј сопственик е Индиската фирма Индо минерали и метали.
Рударскиот инспектор, Драган Димитровски по направениот увид информира дека по поплавите во јамите констатирал дека се уште има вода, иако количината е намалена за 60 проценти во однос на претходните денови. Тој истакна дека состојбата со поплавите во јамите е нормализирана благодарение на пумпите кои ги обезбедија државните институции и со кои побрзо се испумпува водата. Петстотини рудари веќе 15 дена не одат на работа и не вршат експлоатација на рудата.
И покрај тоа што рудникот е даден под концесија на индиската фирма, сепак општината и држвата пред два дена интервенираа, односно обезбедија пумпи, а на рудникот резервната пумпа веќе два месеца е во дефект.
Од страна на инспекциите е дадено налог раководството веднаш да ја набави пумпата со цел да не се случуваат вакви поплави во јамите.
Состојбата со поплавите во рудникот Добрево се нормализираат, но во јамите се уште не можат да влезат рударите.
Утринава рударски, трудови и инспектор за животна средина исто така вршеја увид и во рудникот за олово и цинк Тораница кај Крива Паланка, кој е во сопственост на истата индиската фирма Индо минерали и метали.