Рохани бара од ММФ заем од пет милијарди долари за борба против коронавирусот

Од:

Иранскиот претседател Хасан Рохани денеска изјави дека Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ќе биде виновен за „дискриминаторско однесување“ доколку не одобри заем од пет милијарди американски долари за Техеран за борба против коронавирусот.

– Барам од меѓународните организации да ги исполнат своите должности. Ние сме членка на ММФ. Не треба да има дискриминација во давањето заеми, рече Рохани на состанокот на состанок на неговиот кабинет што се емитуваше на телевизија.

Шефот на иранската централна банка Абдолнасер Хамати минатиот месец испрати барање до ММФ за пет милијарди американски долари од Иницијативата за итно финансирање, односно кризната програма која беше формирана за помош на земјите кои се соочуваат со ненадејни шокови, како што се природни катастрофи.

Би можело да ве интересира

Ганц повикува на координиран напад врз иранските нуклеарни постројки

Трамп го отфрли планот за напад на иранските нуклеарни постројки

Горан Наумовски

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

Хамнеи: Преговорите со Американците може и не мора да успеат

ВИДЕО: Подготвени сме да го нападнеме Иран, порача американскиот секретар за одбрана

Иран попушти: „Ќе преговараме со главниот непријател“