РОЦ Саса отвори канцеларија во Македонска Каменица

Од:

Рудникот „Саса“ отвори локална канцеларија за односи со јавноста која се наоѓа на вториот спрат од админситративната зграда на општина Македонска Каменица. Како што истакна денеска Неил Стивенсон, генерален директор на РОЦ Саса, отворањето на оваа канцеларија ќе значи пооблиска комуникација на граѓаните со нивни претставници.

– Отворањето на оваа канецаларија значи дека луѓето кои имаат потреба, да ститигнат до нас да не поминуваат петнаесетина километри, туку за сите потреби да се обратат до канцеларијата. Ќе биде отворена во петок, кога е пазарен ден во Македонска Каменица. Исто така, лицата кои се зинтересирани за вработување во „Саса“ ќе можат да се пријават во канцеларијата, каде ќе пополнат апликација, а ќе добијат и информации кога да дојдат на интервју. Оваа канцеларија ќе ја подобри соработката на рудникот со заедницата што е од големо значење и ќе придонесе кон заедничко решавање на проблемите, рече Стивенсон.

Градоначалничката на Соња Стаменкова потенцираше дека отворањето на канцеларијата ќе значи подобра комуникација навнаселението со рудникот кој е носечки стопански субјект во општината и регионот.

– И официјално е отворена канцелариајта со која исклучително ќе се подобри комуникацијата на населението со Рудникот Саса. Ова е уште еден чекор напред во соработката со Рудникот „Саса“ и верувам дека оваа добра соработка ќе продлжи и понатаму, истакна Стаменкова.

Би можело да ве интересира

Кој е најголем добитник од рудниците: Државата, локалните жители или инвеститорите

Предраг Петровиќ

Еко-манипулација: Новите рудници ќе работат под еколошки стандарди и се ќе биде чисто, зелено и еколошки

Предраг Петровиќ

Се исцртува ли визија за развојот на рударството во Македонија со формирањето на ново министерство

Горан Наумовски

Ќе успее ли Македонија да ќари од рекордното поскапување на бакарот на светските берзи?

А1он

Кој ќе ја плаќа отштетата за пропаднатите рударски инвестиции?

А1он

(ВИДЕО ) „Еуромакс ресоурцес“ со последна опомена до власта да го почитува законот, пред да почнат арбитража тешка милијарди евра

A1on