Рекордно производство на струја во Глобочица и Шпиље

Од:

Хидроелектраните „Шпилје“ кај Дебар и „Глобочица“ кај Струга, кои го сочинуваат Црнодримскиот слив, лани забележале рекордно производство.

Тоа, како што велат надлежните во ЕЛЕМ, е резултат на поволната хидрологија на ова сливно подрачје, кое го сочинуваат реките Радика и Црн Дрим, како и навреме и успешно реализираните ремонти и ревизии на елекромашнската опрема.

-Во ХЕЦ„ Шпилје“ лани произведени се 314  милиони киловат часови електрична енергија, што е за околу пет насто повеќе од планот. Во ХЕЦ„Глобочица“ проивзедени се 227 милиони квч, што е околу 17 насто повеќе од годишниот план. Двата значајни електронерегетски објкети, кои работат главно според потрените на системот лани произеле вкупно 542 милиони квч, велат во ЕЛЕМ.

Во акумулациите „Дебарско Езеро“ и „Глобочица“ има резерва на вода за производство на 22 односно 20 милиони киловат часови електрична енергија.

Просечниот доток во акумулациите  изнесува 110 метри кубни вода  во секунда. Како резултат на тоа двата објекта работат под полн капацитет.

Обилните дождови го зголемија дотекот на вода а со самото тоа и нивото на акумулациите. Снегот кој во овој регион го има над 20 см во пониските делови и многу повеќе во планините е гарација за поголем дотек на вода во пролет, кога ќе почне да се топи снегот од планините.

Би можело да ве интересира

Ќе се гради хидроцентралата Чебрен за една милијарда евра: Владата донесе одлука која се чекаше 30 години

Орце Костов

(ВИДЕО) Ковачевски: Со браната „Конско“ обезбедуваме одржливо земјоделство за зголемено домашно производство на храна

Ана Ололовска

Тендерската постапка за ХЕЦ Чебрен влегува во втора фаза

А1он

На малите хидроелектрани им биле уплатени 41 милион евра повеќе поради повластени тарифи

Ана Ололовска

ВИДЕО: Објавен јавен повик за изградба на ХЕ Чебрен по пат на јавно-приватно партнерство

Ана Ололовска

Анѓушев: Во финална фаза подготовките за објавување тендер за изградба на ХЕЦ Чебрен преку ЈПП

Ана Ололовска