Рекордна загуба на „Пежо Ситроен“ во 2012 година

Од:

Најголемиот француски прозиводител на автомобили, групацијата „Пежо Ситроен“ (ПСА), соопшти дека во 2012 година забележал рекордна нето загуба од пет милијарди евра, јави дописникот на МИА од Париз.

Загубата на ПСА се објаснува со неговата зависност од европскиот пазар на автомобили, кој е во тешка криза, како и со намалување на вредностите на активата на групацијата за околу 4,7 милијарди евра.

Оперативниот резултат на работењето на групата исто така е негативен со загуба од 1,7 милијарди евра, а вкупниот промет на ПСА е намален за 5,2 отсто на 55,4 милијарди евра.

ПСА минатата година оствари загуба од три милијарди евра, но раководството на групацијата планира урамнотежување на сметките во 2014 година.

Француската држава според инфромациите кои доаѓаат од Владата во Париз, не планира национализација на фирмата.

МИА

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

Орце Костов

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

Орце Костов

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

Орце Костов

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

Орце Костов

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска