Рекордна невработеност во Шпанија од 27,2 отсто

Од:

Невработеноста во Шпанија во првиот квартал од оваа година се искачи на рекордни 27,2 отсто од вкупниот број на работоспособното население во земјата.

Според последните податоци на државната агенција за статистика, во Шпанија без работа сега има преку шест милиони лица. Ова е најголемата невработеност во Шпанија по 1976 година, периодот една година по смртта на диктаторот Франциско Франко и започнувањето на шпанската транзиција кон демократија.

Шпанската економија веќе пет години се наоѓа во криза, па синдикатите најавија нова серија протести против острите мерки за штедење и за кратење на буџетските трошоци.

Податоците на агенцијата за статистика откриваат дека во првиот квартал од оваа година е забележан забавен раст на невработеноста, што би можело да биде знак дека веќе е достигнат врвот на кризата.

Шпанија е четвртата по големина економија во зоната на еврото. ММФ минатиот месец објави дека вкупниот раст на шпанската економија годинава ќе биде помал од прогнозите што претходно беа давани, дека невработеноста до крајот на 2013 година ќе достигне 27 отсто.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Најмалку 30 повредени во несреќа на жичница во Шпанија:

Катерина Ѓуровски

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации

(ВИДЕО) Експлозија во фабрика во Шпанија, има мртви и повредени

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски