Реконструкција на патни правци со 52 милиони евра од Светка банка

Од:

Македонија ги доби првите срдства во износ од 52 милиони евра наменети за израдба и реконструкција на патишта во земјава од Стратегијата за партнерство со Светска банка вредна 400 милиони долари.

Договорот за користење на средствата од Светска банка наменети за изградба и реконструкција на патишта во Македонија го потпишаа денеска директорката на канцеларијата на Светска банка во Македонија Татјана Проскурајкова, вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и директорот на ЈП за државни патишта Љупчо Георгиевски.

Со овие средства, како што појаснија, ќе се финансира изградба на патните правци Бошков Мост – Дебар, Ресен-Буково и Битола-Макази.

Дополнително од Светската банка во рамки на оваа Стратегија следната година треба да се одобрат 100 милиони евра за изградба и реконструкција на повеќе патни правци во земјава. Меѓу нив, како што рече министерот за финансии, се Пробиштип-Ски Центар Пониква, Тораница-Саса, Старо Коњарево-Ново Коњарево, Гарски мост-Извор и Ранковци –Крива Паланка.

– Проектот од над 150 милиони евра за изградба и реконструкција на патишта во земјава се вклопува во еден посериозен инвестициски циклус за реализација на автопати, магистрални и регионални патишта во вкупна вредност од 1,3 милијарди евра каде спаѓаат автопатите, регионални и локални патишта кои се инвестираат од различни извори, истакна министерот.

Ставрески потенцира дека со реализација на предвидените патни правци значително ќе се подобри конкурентноста на македонската економија, протокот на стоки и патници и ќе се овозможи полесно да се пренесуваат стоките низ различни делови на земјата, односно и за фирмите и за граѓаните ќе се овозможат подобри патишта и безбедност на патиштата, бидејќи со проектот се опфатени и сите свлечишта што се детектирани, како и сите црни точки на патиштата.

Според Проскурјакова ова е втор проект за патен  транспорт што Светска банка го финансира во Република Македонија и претставува заем за долгорочно инвестирање.

–  Заемот дава можност да се подобри патната мрежа која е неопходна за поголем раст. Подобрената патна мрежа ќе значи и подобра поврзаност, побезбедно патување што пак може да придонесе кон подобар пристап до работни места, социјални услуги до населението и помага во намалувањето на сиромаштијата и зголемување на заедничкиот просперитет, потенцира Проскурјакова.

Директорот на ЈП за државни патишта потенцира дека со денешниот договор се заокружува финансиската конструкција за реконструкција и рехабилитација на повеќе патни правци во земјава, за кои се комплетира документацијата, а градбата се очекува да почне во 2015 година.

Заемот од Светска банка е со поволни услови, со шест години грејс период и 23 години рок на отплата.

Би можело да ве интересира

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

Наместо замрзнување на цените, да се обезбедат подобро платени работни места препорачува Светска банка

Светска банка: Македонија со најнизок економски раст во регионот

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

Орце Костов

Преку проект на Светската банка ќе се модернизираат и ќе се поврзуваат платните системи на Западен Балкан