Регионалниот бизнис регистар за Западен Балкан пуштен во онлајн употреба

Од:

Регионален бизнис регистар за Западен Балкан www.bifidex.com кој ќе обезбеди на инвеститорите, трансапарентни и лесно пристапни информации за локалните компании е пуштен во употреба.

Порталот на бизнис регистри за Западен Балкан под назив „Размена на деловни и финансиски податоци“ (РДФП) е креиран од Српската агенција за деловни регистри и Централниот регистар на Северна Македонија, а Србија и Северна Македонија се првите земји од регионот кои се приклучија на оваа иницијатива. Поддржан е од ЕБОР, а Фондот за добро владеење на Владата на Велика Британија му додели дополнителни 700.000 евра за натамошно проширување на проектот и за поттикнување на интеграцијата на останатите бизнис регистри на земјите од регионот.

Порталот ќе служи како место за информирање на бизнисмените и инвеститорите, обезбедувајќи пристап до ажурирани информации од националните агенции за бизнис регистри, сите достапни од едно место.

Базата на податоци вклучува над 500.000 компании и нуди информации за сопственикот на компанијата, нејзиното управување, финансиските извештаи, измените во организацијата и слично. На овој начин, на сите заинтересираните страни, ќе им се овозможи да пребаруваат информации за активните компаниите во определен сектор, географска локација или други критериуми. 

Би можело да ве интересира

Бизнис заедницата бара повлекување и запирање на предлог Законот за данок на солидарност

Потпретседател на ССК проф. д-р Симов: ИКТ секторот, туризмот и агро бизнисот главни сектори за соработка со Бугарија

Ана Ололовска

Економијата на САД во март отворила 431.000 работни места, добар знак за Администрацијата на Бајден

А1он

Ќе се подобрува бизнис климата за развој на женското претприемништво

Ана Ололовска

Инфософт групацијата прослави 30 години постоење!

Ана Ололовска

Избрани најдобрите „зелени бизнис идеи“ за годинава

Жарко Настоски