Регионална конференција за родово одговорно буџетирање

Од:

Регионална конференција за родово одговорно буџетирање почнува денеска во Скопје, на која ќе бидат презентирани најдобрите практики во регионот и најновите трендови за буџетирање за еднаквост.

Конференцијата која ќе трае до утре ја организира Канцеларијата на UN Woman во партнерство со Владата.

На конференцијата е најавено учество и воведни обраќања на министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, министерот за финансии Драган Тевдовски, швајцарската амбасадорка Сибил Сутер Тејада, раководителот за соработка на делегацијата на ЕУ, Никола Бертолини, заменик-регионален директор в.д. за Европа и Централна Азија во UN Woman Микеле Рибота.

Тие ќе говорат на тема воведување родовата димензија во политиките и родовото одговорно буџерирање.

На конференцијата е најавено и учество на високи функционери и експерти од земјата и од Албанија, Србија, Косово, Босна и Херцеговина, Украина, Молдавија и Турција.

Владините и невладините претставници ќе имаат можност да дискутираат за родово одговорно креирање на политики и да споделат добри практики во вклучувањето на родовите прашања во секторските политики на централно и локално ниво.

Конференцијата има цел да служи како платформа за дебатирање за клучните трендови и случувања на полето на родово одговорното буџетирање, истакнувајќи го напредокот постигнат во земјите и на регионално/глобално ниво.

Се очекува оваа конференција да отвори нови можности за зајакната соработка и вмрежување меѓу владите и да го отвори патот за идните регионални интервенции за родово одговорно буџетирање.

Би можело да ве интересира

МФ: Буџетот за 2024 година реализиран согласно планираното, 2025 започнува ликвидно и стабилно

Советниците го изгласа Буџетот на Град Скопје за 2025 година

Изгласан Законот за извршување на Буџетот за 2025

Катерина Ѓуровски

Димитриеска Кочоска: Буџетот за 2025 година обезбедува непречено функционирање на институциите и државата

Битиќи: Предлог-буџетот за 2025 година не одговара на реалноста го премолучува реалниот дефицит

Горан Наумовски

Трендафилов: Во Буџетот за 2025 се планирани пари за поголеми плати