Ред Бул заработи шест милијарди евра од скокот на Феликс

Од:

Скокот на Феликс Баумгартнер од работ на вселената, им донесе на Ред Бул приход од шест милијарди евра.

„Се е маркетинг“, изјави Дитер Матешиќ, спонзорот, основачот на Ред Бул и еден од заслужните за мисијата „Ред Бул Стратос“.

Вложени се 50 милиони ерва, а добивката е 12.000 пати поголема.

„Ред Бул“ планира да има долгорочни добивки од историскиот скок на Феликс. Па така, Еуробренд процени дека вредноста на „Ред Бул“ до сега била околу 14 милијарди евра, а после скокот вредноста на овој бренд се искачи на 17 милијарди евра.

За разлика од компанијата која стои позади овој проект „Ред Бул Стратос“, која својот бенефит може да го пресмета во пари, храбриот Феликс Буамгартнер својата сатисфакција ја гледа на дурга стара.

„Скокот само го потврди неговото партнерство со Ред Бул. Не верувам дека ќе добие некои нови спонзорски договори, бидејќи луѓето ќе го идентификуваат само по еден бренд“, изјавил аналитичарот Дејвид Шваб, кој додал дека Феликс соработува со Ред Бул уште од тинејџерските денови.

 

Би можело да ве интересира

Работниците од целиот свет ги побараа своите права за Први мај

Американската економија падна за прв пат по три години, Сенатот одби да ги поништи царините на Трамп

Потврдите за неосудуваност целосно достапни на порталот – uslugi.gov.mk

Предраг Петровиќ

Средби со ММФ: Соодветните политики на Народната банка придонесоа за јакнење на отпорноста на шокови

Силен раст на Волстрит трет ден по ред

Горан Наумовски

Путин: Економската ситуација во светот станува сè покомплицирана