Речиси сите домаќинства кои се греат на струја ќе се најдат во третиот блок од 630 до 1050 киловат часови

Од:

„Кој троши повеќе, ќе плаќа повеќе, а кој троши помалку, ќе плаќа помалку. Блоковите ќе важат исклучиво во скапата тарифа, рече претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски на подготвителната седница за блок-тарифите во пресрет на одлуката за тоа колку ќе плаќаат домаќинствата од 1 јули.

„Ќе се користат истите струјомери, но таму каде што има потреба од поделба на мерно место, апелирам до ЕВН да си ги реши барањата на граѓаните. Читањето и блоковите се направени да бидат делливи со 30. Првиот блок е 210 киловати, вториот блок изнесува од 210 до 630 киловатчасови, третиот од 630 до 1050 киловатчасови, а над оваа потрошувачка е четвртиот блок каде што сметките се доста зголемени. Евтината тарифа е надвор од тие блокови и си останува иста – рече Бислимовски.

Според експертите, во зимскиот период околу 98% од домаќинствата ќе бидат во третиот блок, односно оние кои се греат на електрична енергија. Оние во највискиот блок ќе имаат 70 проценти повисоки сметки.

Би можело да ве интересира

Разрешени двајца членови на Регулаторната комисија за енергетика

А1он

РКЕ утре се очекува да ја соопшти цената на струјата што ќе важи од јануари идната година

А1он

РКЕ: Цената на струјата за најголемиот дел од потрошувачите од домаќинствата поскапува за 0,5 отсто

Горан Наумовски

Бислимоски: Прекинот на струја во дел од регионот ја потврди неопходноста од инвестиции во енергетиката

Во ниту еден случај нема да се поскапи парното за домаќинствата, тврдат од Регулаторна

A1on

Бислимоски: Без 200 денари за мрежарина, граѓаните ќе имаа поскапи прв блок и евтина тарифа за 15 отсто

A1on