Ребалансот на буџетот – за опозицијата нереален, најавува нов и во септември

Од:

Министре Ставревски не ги лажете граѓаните, буџетот е во поголема „дупка“ од таа што ја кратите со ребалансот – со остра реторика настапи опозицијата на денешната седница посветена на ребаланот на буџетот и најави дека Владата крие дека поради големиот дефицит во буџетот најдоцна до септември ќе биде потребен уште еден ребаланс и ќе следи нов шок за македонската екомномија.

Ивановски поткрепуваќи го ова со бројки рече дека приходот паднал за 9 проценти, а со ребаласот расходите се намалуваат за 5 проценти.

Опозицијата ја обвини Владата дека крати 88 милиони евра за капитални проекти, 14 милиони евра за патишта, дури 8 милиони евра од здравството, а не се откажува од рекламите за кои оваа година ќе одвои 10.6 милијарди евра.

Опозицијата упати остри критики зошто додека се крати од здравството и образованието, ставката за мебел во буџетото се зголемува. Од предвидените 1.7 милиони евра пораснала на 2 милиони евра.

Вчера Ви понудивме појас за спасување, но интерпелацијата не успеа, затоа или радикално менувајте ја приказната за македонските граѓани или спасувајте се како знаете и умеете – му порача Иванов на Ставревски. Стваревски пак го искара Иванов за неговиот „поган јазик“ и го праша што толку лично му грешил што заслужил толкави навреди и го упати да го чита извештајот на Светската банка каде земјава важела за една со најдисциплираните фискални политики и каде пишувало дека Република Македонија има простор за задолжување.

Христена Антовска Јованчева

Би можело да ве интересира

Новиот состав на Собранието треба да се конституира најдоцна 20 дена по изборите

Митрески: Борбата за работничките права не престанува никогаш

А1он

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

Нов парламентарен состав до 28 мај

Катерина Ѓуровски

Последната седница на овој парламентарен состав ќе се одржи до крајот на месецов