Реакција на ТИРЗ на обвинувањата од ВМРО ДПМНЕ

Од:

Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони најостро ги демантира наводите на политичката партија ВМРО ДПМНЕ која продолжува да изнесува невистини поврзани со работата на ТИРЗ.

– За да се држиме до фактите и до вистината, станува збор за редовни и јавно достапни постапки за јавни набавки поврзани со реализација на капитални инвестиции во Зоните на кои учествувале повеќе од десетина компании, од кои повеќето домашни градежни фирми. Посочената компанија досега има учествувано на 3, а не на 4 постапки и има доставено најниска понуда за бараните услуги. Во однос на капацитетите во Зоните, конкретно само во посочената ТИРЗ Штип во моментов има четири странски компании со обем на инвестиции од над 150 милиони евра кои генерираат над 200 милиони евра годишен извоз. Дополнително две од постоечките компании се во фаза на проширување на инвестициите, а една е целосно нова. Во овие компании во зоната во Штип во моментов се ангажирани близу 2000 наши сограѓани. Оттука се поставува прашањето дали 2000 работни места на наши сограѓани на кои им се обезбедува пристоен живот дома се безначајни, а Зоните во кои работат се „празни“ и “невидливи“. Затоа е нејасно чиј интерес застапува политичката партија ВМРО ДПМНЕ и кому му пречи растот на странските инвестиции во земјава со кои само во последниве три години бројот на работни места е зголемен за 40% или со бројки, во последните три години се генерирани над 5000 нови работни места што е скоро исто како севкупниот учинок во периодот од 2006 до 2016 година, се вели во реакцијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Подаваме рака до ДПМНЕ, за заедно да не ги донесеме уставните измени

СДСМ: Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат на државата

ВМРО-ДПМНЕ: Народот сака промени, тоа го покажуваат 180 илјади гласа предност на Сиљановска пред Пендаровски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС

Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот македонски народ

(ВИДЕО) Мицкоски: СДС и ДУИ неколкумина од власта се граѓани од прв ред, а сите други од втор ред

Катерина Ѓуровски