Реакција ВМРО-ДПМНЕ на средбата на Зоран Заев со бизнисмени од дијаспората

Од:

„Македонската економија за првпат после подолг период има негативен раст. Зоран Заев успеа ги избрка потенцијалните странски инвеститори кои требаше да отворат 25000 работни места и да вбризгаат многу пари во македонската економија. Валдата на СДС за 100 дена ја задолжи Македонија за неверојатни 410 милиони евра, пари од кои граѓаните не видоа никаков ефект, а ќе треба да ги враќаат идните генерации. Без причина се стопрени изградбите на автопатите кои покрај бенефитот од самата подобрена сообраќајна инфраструктура, придвижуваа и многу други економски гранки.

Можното најавено покачување на даноците е причина повеќе за немањето нови инвестиции. Објавувањето на договорите со инвеститорите во јаввноста на кои има многу чуствителни информации е негативна препорака која ги одбива инвеститорите.

Доколку Заев имаше капацитет да привлекува странски инвестиции тоа ќе го направеше во Струмица и во индустриската зона Сачево, која со години зјае како празна ливада.

Владата на СДС предводена од Заев нема капацитет да работи во интерес на граѓаните, да привлекува инвеститори и да отвора нови работни места.

Граѓаните на Македонија ги видоа неспособноста и незаинтересираноста на СДС да ја подобрат економијата и условите за живеење и затоа на 15 октомври ќе ги казнат нивните политики“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на средбата на Зоран Заев со бизнисмени од дијаспората.

Би можело да ве интересира

Левица: Подаваме рака до ДПМНЕ, за заедно да не ги донесеме уставните измени

СДСМ: Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат на државата

ВМРО-ДПМНЕ: Народот сака промени, тоа го покажуваат 180 илјади гласа предност на Сиљановска пред Пендаровски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС

Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот македонски народ

(ВИДЕО) Мицкоски: СДС и ДУИ неколкумина од власта се граѓани од прв ред, а сите други од втор ред

Катерина Ѓуровски