Реакција на Цветан Tрипуновски

Од:

Почитуван Николовски, ти се обраќам директно и лично за „прозивката да не ги манипулирам земјоделците“, 88-те земјоделци од Свети Николе за причината поради која не им е продолжен договорот за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост, вели Цветан Трипуновски – дополнителен министер за земјодество, шумарсво и водостопанство. Во реакцијата тој вели:

Николовски, ќе ти набројам таксативно три работи каде ти како министер си директно одговорен за овој проблем кој што го имаат земјоделците:

1.Помеѓу објавувањето на огласи за вработување на партиските кадри и оптоварувањето на планот за јавни набавки со што е можно повеќе планирани набавки, за да можеш да ја исполниш партиската агенда во време на предизборие, не ни помисли на земјоделците и на договорите за закуп на земјоделско земјиште кои истекуваат во периодот на техничка влада и сега со стратегија на импровизација и обвинување сакаш да си ја симнеш неодговорноста од твоите плеќи.

На земјоделците помисли дури на 13 февруари кога поднесе предлог на измена на Уредбата за поблиските критериуми за директни плаќања, корисниците на средствата, максималните износи и начинот на директните плаќања за 2024 година.

За Уредбата имав издржани коментари дека со неа нема да се реши проблемот на земјоделците. Ти посочив дека од една страна, земјоделците ги донесувате во заблуда дека ќе можат да остварат право на субвенции за 2024 година, а од друга страна ги поттикнувате и ги наведувате административните службеници во подрачните единици на незаконско работење и злоупотреба на службената должност.

2.Земјоделците, свесни за вашата „агилност“ во изминатите 7 години, сами поднесоа барање за продолжување на договорите. Барања што останаа неодговорени до ден денес! Барањата неодговорени, а договорите раскинати. Каде однапред ти и МЗШВ не сте ги земале предвид земјоделците, па уште и им ги раскинавте договорите со Решение за раскинување.

3.Предлог законското решение кое е во собраниска процедура не нуди систематско решение. Со измената ги опфаќате сите корисници на земјоделско земјиште со раскинати договори, воопшто не ја опфаќате целната група, предлогот е популистички и паушален и не може да важи ретроактивно за конкретнава ситуација. Наместо законски го решавате проблемот во насока на изготвување на анекс договори со кои времено ќе се продолжеа догововорите за закуп на земјоделското земјиште во државна сопственост до крајот на 2024 година и да ја известите Владате за настатнатата состојба со достава на комплетна документација за изготвување на нови договори со непосредна спогодба. Зошто ги раскинавте договорите, наместо да ги продолжите?

Денес сум во Берово, и тука ситуацијата e иста. И тука има земјоделци кои се заборавени од тебе. Конструктивен сум за соработка, не во име на 88-те земјоделци од Свети Николе за кое ме прозва, туку за сите земјоделци, за сите чинители во земјоделскиот сектор од цела Република Македонија! Во име на вистината во прилог ви доставувам барање од еден од земјоделците кој уредно и навремено си аплицирал за продолжување на договорот, а Вие му го раскинувате договорот“, се вели во реакцијата на Трипуновски.

Би можело да ве интересира

Трипуновски: Системите за наводнување се руинирани и неисчистени, водата и годинава ќе биде проблем за оризопроизводителите

Трипуновски: Од 2019 година до денес не е извршено порибување со Охридска пастрмка со што сериозно го загрозува рибниот фонд

Трипуновски: Заради неспособноста на власта зелката во струмичкиот регион се откупува за 15 денари

Трипуновски: Земјоделците од Радовиш повторно ќе останат без вода за наводнување заради лошото менаџирање со браната Мантово

Трипуновски: Николовски повторно лаже, донел и потпишал решение за престанок на важност на договорот

Ковачевски за обвинувањата од Трипуновски: Тој доаѓа од партија што смета дека вино се прави од стиропор

Орце Костов