Трипуновски: Од 2019 година до денес не е извршено порибување со Охридска пастрмка со што сериозно го загрозува рибниот фонд

Од:

Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денес е во работна посета на Охрид каде што го оствари средби со Здружение на Ловци Охрид и Здружение на риболовци Свети Апостол Петар – Охрид.

– Денеска сум на работна посета во охридскиот регион, само што завршив со средбата со рекреативните риболовци од Охрид. Констатацијата е повеќе од загрижувачка, Охридското Езеро веќе од 2019 година до денес нема извршено порибување на Охридската пастрмка, контролата и заштитата на езерото практично и да не се спроведува, а од друга страна немаме ни концесионер ниту за рекреативен ниту за стопански риболов – изјави Трипуновски.

Трипуновски потсети за еден телефонски разговор кој излезе во јавноста каде што практично се правеше нарачка како да се остави Охридското Езеро на милост и немилост на сите рибокрадци и на нелегален риболов.

-Познатиот бренд Охридска пастрмка се помалку го има затоа што државата изминативе не води никаква грижа. Она што го ветивме пред рибарите е дека по 8ми мај, по завршувањето на изборниот процес и формирањето на новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ даваме сериозен фокус во заштитата и обновата на овој рибен фонд, односно управувањето со езерото да биде согласно законската регулатива. – заврши Трипуновски.

Би можело да ве интересира

Трипуновски: Системите за наводнување се руинирани и неисчистени, водата и годинава ќе биде проблем за оризопроизводителите

Трипуновски: Заради неспособноста на власта зелката во струмичкиот регион се откупува за 15 денари

Трипуновски: Земјоделците од Радовиш повторно ќе останат без вода за наводнување заради лошото менаџирање со браната Мантово

Трипуновски: Николовски повторно лаже, донел и потпишал решение за престанок на важност на договорот

Ковачевски за обвинувањата од Трипуновски: Тој доаѓа од партија што смета дека вино се прави од стиропор

Орце Костов

Трипуновски: Се поделиле 2,5 милиони евра државни пари без притоа да се изврши било каква контрола