РЦЦ: Западен Балкан има напредок, но ќе ја достигне Германија за осум децении

Од:

Регионот на Западен Балкан во изминатите неколку години забележа напредок и има позитивна економска перспектива, но треба да поминат пет децении за да го достигне германскиот животен стандард и осум децении да ја достигне Германија, изјави генералната секретарка на Советот за регионална соработка (РЦЦ), Мајлинда Брег.

Главна тема на состанокот, што во Брисел го организираше Советот во соработка со Канцеларијата на фондацијата Фридрих Еберт, беше одржливиот економски раст и развојот на Западен Балкан, соопшти денеска РЦЦ.

На состанокот присуствуваа голем број претставници на европски институции, дипломатски мисии, аналитички центри, невладини и бизнис организации.

Причина за загриженост во целиот регион, како што е наведено, и натаму е сиромаштијата, нееднаквоста, одливот на високо образована работна сила, родовата нееднаквост и вработувањето.

– Лидерите од Западен Балкан треба да се ангажираат да работат на јакнење на регионалната соработка. Треба да бидат активни учесници во планирањето на заедничката иднина на Европа во регионот, рече Брег.

На состанокот во Брисел станало збор за користењето директни странски инвестиции, потребата за развој на национални и регионални политики, како и потребата за ревизија на инструменти за монетарна и фискална политика.

Заклучено е дека јасно и често информирање на граѓаните од Западен Балкан за придобивките од отворен пазар и општество, како и поддршка на потенцијалите за интеграција во регионот, стануваат се поважни за добивање дополнителна поддршка, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Победникот на изборите во Германија најавува тектонска промена во односите меѓу Европа и Америка

Ден по историските избори во Германија, ЦДУ може да формира влада со СПД

Катерина Ѓуровски

Олаф Шолц го призна поразот: Горчлив резултат за социјалдемократите

А1он

Лидерите на АфД по историскиот успех: Добивме мандат за „епохални промени“

А1он

Мерц веќе прогласи победа на изборите во Германија

А1он

Објавени се првите излезни анкети од изборите во Германија – Демохристијаните се во водство

А1он