Размената со странство лани 12,2 милијарди долари, извозот со раст од 15,6 проценти

Од:

Во текот на минатата година вкупната вредност на размената на Македонија со странство изнесувала 12,2 милијарди американски долари. Извозот забележал раст од 15,6 отсто, а на увозот 10,3 проценти.

Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија во периодот јануари – декември 2014 година изнесува 4.933.845 илјади американски долари, а на увозот 7.276.729 илјади американски долари. Покриеноста на увозот со извоз е 67,8 отсто. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – декември 2014 година, изнесува 2.342.884 илјади американски долари.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, сетови на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, производите од железо и челик (валани производи) и облеката.

Во увозот  најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), платината  и легурите на платина, необработени или во прав, електричната енергија и други метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.

Лани од Македонија најмногу се извезувала кон земјите од ЕУ 76,6 отсто и во земјите од Западен Балкан 14 проценти. И во увозот најголемо учество имаат земјите од ЕУ со 63,5 проценти.

Според вкупниот обем на надворешно- трговската размена, Македонија најмногу тргува со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и  Италија. Од вкупната надворешно-трговска развмена 51,7 отсто се врши со овие земји.

Би можело да ве интересира

Трипуновски: Јаболкото во Ресен ќе остане неоткупено заради големиот увоз на странско јаболко во Македонија

Орце Костов

Државата исправена пред економска логика – ќе го поддржат ли извозот на рударството за зголемен економски раст?

Орце Костов

Граѓаните не можат да си дозволат нов автомобил: Лани продадени трипати повеќе половни отколку нови

Орце Костов

Во првите 11 месеци од 2023 година покриеноста на увозот со извозот 75,2 отсто

Македонските дипломати во Кина ќе помагаат на компаниите во нивните извозни активности

Предраг Петровиќ

Зголемен увоз од Северна Македонија во Косово, по мерките на Приштина против Србија