Расте трговската размена меѓу Кина и Русија

Од:

Кинеската трговска размена со Русија минатиот месец бележи значаен пораст, во услови кога официјален Пекинг отворено ги критикува санкциите што Запад ги воведе против Москва заради инвазијата врз Украина.

Податоците на кинеските царински служби покажуваат дека минатиот месец севкупната трговска размена со Русија се зголемила за 12,76 проценти на 11,67 милијарди долари. Споредбено со првиот квартал минатата година, тоа е пораст за над 30 отсто.

Русија е главен извезувач на нафта, гас, јаглен и земјоделски производи во Кина.

Пекинг засега одбива да ги нарече руските активности во Украина како инвазија и постојано ги критикува „нелегалните“ санкции на западните држави против Москва.

Пред самиот почеток на воената интервенција во Укрина, Кина и Русија прогласија „неограничено“ стратешко партнерство.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Кина и САД ги почнаа преговорите за царините

Вучиќ се сретна со Путин: Го ценам тоа што дојдовте во Москва и покрај притисоците

Левица: Апасиев на средба со Тајасев – заменик претседателот на КПРФ

Закани без ефект: Фицо ја заобиколува половина Европа за да стигне до Путин

Литванија и Латвија му забранија на Вучиќ да лета за Москва

13 украински дронови уништени во три региони на Руската Федерација