Раст на рускиот извоз на гас во Европа

Од:

Рускиот енегретски гигант „Газпром“ соопшти дека во првите шест месеци од оваа година забележал раст на продажбата на природен гас за потпршувачите во европските земји, со што и натаму останува главен снабдувач на енергенсот во Европа.

„Газпром“ во своето соопштение нагласува дека „и покрај предизвиците на деловното опкружување со кои се соочува“, вкупната продажба на компанијата во посочениот период се зголемила за еден отсто или 39,5 милијарди рубљи (530,9 милиони евра) на вкупно 2,9 билијарди рубљи (39,1 милијарди евра).

Само во Европа нето продажбата на „Газпром“ е зголемена за седум отсто или за 63,4 милијарди рубљи (852 милиони евра) на 946,6 милијарди рубљи (12,7 милијарди евра).

– Ваквиот тренд укажува на исклучително јака поврзаност на „Газпром со нејголемите европски потрошувачи, се наведува во соопштението на руската компанија.

Според аналитичарите, ваквите податоци укажуваат дека и покрај постојаните меѓусебни закани дека Русија ќе ја прекине испораката на гас за европските потрошувачи или дека Западот ќе ги засили санкциите кон Москва, енергијата во суштина е стока и како и во случаите со секоја друга стока, нејзините производители по правило се трудат да оставрат профит од неа, освен во слуачи кога не се под директен или ултимативен притисок на политичките центри на моќта.

Би можело да ве интересира

„Гаспром“ е безбеден уште 110 години

Русија годинава извезла повеќе гас во Европа отколку во 2023 година

Словачка протера двајца осомничени за планирање напади на енергетски објекти

Потпишан Меморандум за соработка во полето на гасниот сектор со Србија

Дали Русите ќе ги загрозат подморските кабли: Во САД загрижени за движењето на подморниците

Предраг Петровиќ

Одбиено барањето на Унагарија и Словачка за санкциите кон Лукоил