Раст на осигурителниот пазар, претставен нов концепт на сеопфатно осигурување

Од:

За осигурителниот пазар минатата година беше најуспешен во последните 10 години. Раст има во сите видови осигурување, односно над 10 проценти раст на продадени полиси и остварена премија од продажба на полиси. Раст е забележан и кај исплатата на штети.

Ова денеска го соопшти претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурувањето, Климе Попоски, одговорајќи на новинарски прашања на регионалната актуарска конференција што се одржува во Скопје посветена на концептот на сеопфатно осигурување.

Попоски истакна дека во земјата физичките и правните лица, сепак, се уште не можат да ги препознаат вредностите на осигурувањето, бидејќи не е доволно развиена свеста за постоењето на ризиците.

-Ние во моментов имаме традиционални осигурителни продукти што се посвојствени на поразвиените земји. Овој концепт на „инклузив иншуранс“ во принцип значи креирање едноставни производи со лимитирано осигурително покритие со цел осигурениците да ги осознаат и препознаат бенефитите од постоењето на осигурување и тоа е предвесник понатаму да се префрлат на традиционалните осигурителни продукти, бидејќи еден од проблемите зошто осигурувањето не е развиено на ниво на високоразвиените пазарни економии, бидејќи граѓаните и правните лица се уште не можат да ги препознаат вредностите на осигурување и бидејќи не е доволно развиена свеста за постоењето на ризиците, потенцира Попоски.

Појасни дека новиот концепт „инклузив иншуранс“, може да даде значаен придонес за натамошниот развој на осигурувањето посебно за земји во развој, за земји што немаат доволно развиен осигурителен сектор.

Оцени дека оваа конференција ќе побуди интерес, пред се, кај друштвата за осигурување да развијат продукти што ќе бидат едноставни, лесно разбирливи, достапни и со прифатлива цена во однос на клиентите.

Новиот пристап користење соодветни и прифатливи осигурителни производи за недоволно пристапни клиенти, со посебен акцент на ранливите категории граѓани, а пред сѐ луѓето со ниски приходи. Сеопфатното осигурување подразбира користење едноставни осигурителни производи што поттикнуваат доверба и транспарентност во осигурување, најчесто со пониски осигурени суми и иновативни методи за дистрибуција.

-Инклузивно осигурување е осигурување што е прифатливо за сите што до денес се противеле да купат и оние кои мислеле дека осигурувањето нема да биде исплатено, истакна Рената Делирс, експерт за сеопфатно осигурување пристуна на конференцијата.

Би можело да ве интересира

Над 200.000 граѓани ова лето купиле патничко осигурување за годишен одмор во странство

Катерина Ѓуровски

Кој е најдобриот систем да бидете подготвени за неочекуваното во Вашиот дом?

Предраг Петровиќ

Соработката помеѓу „МинтИнс“ и „Интердоместик“ ветува позитивно влијание на осигурителниот пазар

Вратени старите цени на осигурувањата за возила, нема одлука дали ќе им се вратат пари на граѓаните кои плаќаа поскапо

A1on

Владата донесе одлука со којашто цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Осигурителните компании имаат рок до вечер да ги вратат старите цени на полисите

A1on