Раст на клиентите на пазарот за мобилна телефонија во Франција

Од:

Францускиот пазар на мобилни телефони, со повеќе од 73 милиони СИМ картички во оптек, доби 4,5 милиони нови клиенти минатата година.

Тоа е постигнато благодарение на евтините пакети без обврски. Само во четвртото тримесечие на минатата година, овој пазар во Франција доби околу 1,2 илиони нови клиенти, соопшти Управата за регулирање на електронските и поштенските комуникации, АРЦЕП.

Станува збор за второ најдобро тримесечие во годината, по третото, кое привлече повеќе од 1,4 милион корисници. Тоа резултираше со тримесечен раст од 1,6 отсто и годишен од 6,6 проценти.

Благодарение на трендот на раст на бројот на клиентите, на крајот на декември минатата година, се регистрирани 73,118 милиони СИМ картички, што претставува рекордна стапка на пораст од 112 отсто.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано