Расправата по ребалансот на Буџетот за 2013. ќе продолжи утре

Од:

На првиот ден од општиот претрес по расправата за ребалансот на Буџетот за 2013 година, вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески пред членовите на матичната Комисија за финансирање и буџет, објасни дека станува збор за мал ребаланс кој ја опфаќа само расходната страна.

– Се предвидуваат реалокација на средства во делот на платите по основ на корекции, но не се менува предвидниот износ, потоа се предвидуваат дополнителни средства во Фондот за ПИОМ и во Министерството за образование и наука, рече министерот Ставрески. Појасни дека други позначајни промени нема и дека другите позиции остануваат во рамки на проектираното.

Образложувајќи го предложениот ребаланс на Буџетот, Сраврески истакна дека од почетокот на годината до крајот на септември реализирани се приходи во буџетот од 103.018 милиони денари, а на расходната страна 118.861 милиони денари. Обезбедена е редовна исплата на платите, пензиите, социјалните надоместоци, зголемени капитални инвестиции, зголемени субвенции. Дефицитот е 3,2 проценти од БДП или 15.843 милиони денари.

Пратениците од СДСМ рекоа дека нема да гласаат за ребалансот на Буџетот и затоа немаат поднесено амандмани. Според нив, Буџетот за 2013 година, што се донесе на 24. декември минатата година, е спротивен на Деловникот на Собранието на Република Македонија.

Во попадневниот дел од седницата на собраниската Комисија за финансирање и буџет пратеникот Оливер Спасовски  од СДСМ рече дека нема да гласа, бидејќи не верува оти носењето на буџетот ќе ја подобри состојбата во државата, ќе има економски раст и ќе допринесе за развој на стопанството.

Според Спасовски, буџетските средства лошо се планираат. Тој праша меѓу другото, зошто е зголемен дефицитот.

Реплицирајќи му на Спасовски, министерот Ставрески посочи дека не е политика во кризно време да нема дефицит, додавајќи дека нема земја која нема дефицит.

– Ако немаше дефицит ќе пропаднеше економијата, ќе имавме минус шест посто во економијата. Тоа ќе значеше пропаѓање на стопанството, ќе немаше пари во Фондот за пензиско…Со поддршката што ја дадовме за градежништвото, за индустријата и за евтините кредити кои ги обезбедивме за малите и средни претпријатија, со одржувањето на ниски даноци, со тоа се спаси економијата. На тоа се надоврзаа странските директни инвестиции што работат во зоните каде се произведуваат високи технолошки производи кои се извезуваат, со што македонскиот извоз е поконкурентен… Тоа е нашата политика, рече Ставрески.

Министерот за финансии ги праша опозициските пратеници со кој концепт ќе настапел СДСМ.

– Наместо дефицит ќе имавте суфицит. Ќе ги соберевте парите од стопанството и ќе ги чувавте во касата на СДСМ. Ќе си бевте богати како Влада. Но ние не сакаме Владата да е богата, туку граѓаните и стопанството да се богати, рече Ставрески.

Парите што се повлекуваат, како што додаде, уште повеќе се враќаат во стопанството.

– Нема денар што државата го повлекла преку даноци да не е вратен во стопанството. И секоја исплата, аукција и слично се организира на таков начин што се враќаат парите и се подобрува ликвидноста. Во таа насока се и последните мерки на Владата за подобрување на ликвидноста во стопанството. Освен со евтини кредити ќе одиме со Законот за финансиска дисциплина, кој ќе ги штити фирмите кои работат чесно и што сакаат да ги плаќаат обврските, нагласи Ставрески.

За ребалансот има 52 амандмани, а комисиската расправа ќе трае 10 дена. Комисијата за финансирање и буџет расправата по ребалансот на Буџетот ќе ја продолжи утре.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Николовски: Во Буџетот има помалку пари за земјоделците за 15% и 10 пати помалку пари за рурален развој

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Почнува амандманска расправа за Предлог – буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет

Лефков: Во Буџетот за 2025 година 25 проценти повеќе пари за здравството од оваа година

Продолжува комисиската расправа за Предлог – буџетот за 2025 година