Ралповски: Да ги одземеме можностите за популизам со работничките права

Од:

Да ги одземеме можностите за популизам со работничките права, изјави претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС), Благоја Ралповски на прес-конференцијата одржана по повод финалната конференција посветена на улогата и влијанието на синдикатите во продолжената криза во социјалниот дијалог на сите нивоа.

Конференцијата што се одржа во Скопје во организација на КСС е организирана во рамки на проект на Европската конфедерација на синдикати (ЕТУЦ), финансиран од Европската Унија.

Ралповски посочи дека синдикатот треба да игра значајна улога во периодот по ковид-кризата, кога светот се соочува со економска, енергетска и инфлаторна криза. Тој нагласи дека една од суштинските заложби на синдикатот во иднина треба да биде борбата за што повеќе колективни договори.

Притоа, тој додаде дека подаваат рака и на граѓанскиот сектор и на бизнис партнерите, со цел, како што истакна, да нема популизам со работничките права и да се отпочне со вистински социјален дијалог, што ќе вроди со плод.

Професорот Лазар Јовевски од Правниот факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ, кој е раководител на Катедрата по трудово право и којшто бил вклучен во проектот како експерт, изрази задоволство што учествувал во анализата и стратегијата и идно стратешко позиционирање на синдикатот.

Тој се осврна на неколку точки од стратегијата, посочувајќи ги аспектите на стратешко партнерство со бизнис секторот, дигитализацијата, справувањето со проблеми на пазарот на трудот, недостигот на работна сила, влезот на странски државјани за работа и справувањето со економска криза.

Јовески нагласи и дека стратегијата дава и насоки по кои треба да делуваат синдикатите до 2030 година.

Би можело да ве интересира

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ со поддршка за протестот на КСС пред Собрание

Горан Наумовски

КСС на протест пред Собрание поради носењето на Законот за административни службеници

Горан Наумовски

Владата воведува работно време од 72 часа во текот на една недела како пред 137 години – жестока реакција на синдикатите

Првомајски протестен марш на КСС: Лошата состојба на работниците и понатаму непроменета

Ана Ололовска

Првомајски протести на синдикатите: „Работниците се државата“

КСС со подршка за генералниот штрајк на СОНК и повик до родителите за солидарност кон просветните работници

Ана Ололовска