„Рајанер“ ќе отпушти 3.500 вработени ако не прифатат пониски плати

Од:

Ирскиот нискобуџетен авио превозник „Рајанер“ планира да затвори околу 3.500 работни места доколку со вработените не постигне договор за намалување на платите, изјави денеска генералниот директор на авиокомпанијата Мајкл О’Лири.

Компанијата претходно објави дека го намалила бројот на вработените за повеќе од 250 луѓе низ Европа и размислува за намалување на бројот на пилотите и кабинскиот персонал за околу 3.000 лица.

– Веќе најавивме затворање на околу 3.500 работни места, но започнавме обемни преговори со нашите пилоти и кабинскиот персонал од кои бараме да прифатат намалување на платите како алтернатива за отпуштање од работа, истакна О’Лири.

Тој нагласи дека е „планирано намалување од 20 отсто за најдобро платените капетани и пет проценти за најниско платените стјуардеси’.

– Сметаме дека ако постигнеме договор за редуцирање на платите, тогаш може да се избегне затворање на најголемиот дел од работните места, додаде генералниот директор на „Рајанер“.

Би можело да ве интересира

Поради магла откажани дел од летовите на Скопскиот аеродром

Летовите околу Вашингтон одложени поради безбедносните мерки на инаугурацијата

Над 1.300 откажани и 414 одложени летови во САД

Аеродромот во Дамаск повторно отворен за меѓународни летови

Израелците ги прекинаа летовите за Москва

Таен прекин на летовите во дел од Русија