„Рајанер“ има 95 отсто помали приходи во однос на минатата година

Од:

Нискобиџетниот ирски авиопревозник „Рајанер“ денеска соопшти за својата прва загуба во текот на првиот квартал од оваа фискална година, за која смета дека е „најпредизвикувачка во 35-годишната историја на компанијата“, како резултат на последиците од пандемијата на коронавирус.

Нето загубата на компанијата, во периодот од април до јуни, изнесува 185 милиони евра, во однос на нето добивката од 243 милиони евра во истиот период лани.

Приходите се опаднати за 95 проценти, на 125 милиони евра, во кварталот кој заврши на 30 јуни.

Мерките за заштеда на трошоците не може да ја компензираат загубата на приходите. Пред една година приходите беа 2,31 милијарди евра.

Компанијата соопшти дека поради забраните за патувања наметнати ширум Европа поради пандемијата, од средината на март до крајот на јуни речиси целата нејзина флота беше приземјена.

„Рајанер“ превезе само 500.000 патници за разлика од 41,5 милиони во истиот период минатата година.

Од 1 јули авиопревозаникот продолжи со летовите на голем број нејзини рути и очекува побарувачката бавно да расте во следните месеци. Постојат надежи дека до септември ќе достигне 70 проценти од нормалниот сообраќај.

Ирската авиокомпанија очекува „многу предизвикувачка година“ и во моментнов е најисплашена од можниот втор бран на ширење на Ковид-19 низ Европа кон крајот на есента, кога ќе почне и сезоната на грипови.

Би можело да ве интересира

Даблин: Неколку лица се избодени со нож, напаѓачот е уапсен

Горан Наумовски

Ирскиот премиер Варадкар во посета на Македонија

А1он

Ирска го казни Инстаграм со рекордни 405 милиони евра заради детски податоци

Рајанер очекува во летните месеци пополнетост на авионите до 94 отсто

Ана Ололовска

„Рајанер“ предупредува на зголемени цени и веројатно доцнења на летовите во текот на летото

Ана Ололовска

Ирска го одби договорот за минимален глобален данок од 15 отсто

Ана Ололовска