Работна средба на бизнис секторот со премиерот Заев

Од:

Стопанската комора на Македонија организира работна средба на бизнис секторот со претседателот на Владата Зоран Заев и претставниците на економските ресори во Владата.

Работната средба, како што информира Стопанската комора на Македонија, ќе се одржи во нивните простории, а најавено е учество на вицепремиерот за економски прашања и за координација со економските ресори Кочо Анѓушев и министрите за финансии, за економија, за транспорт и врски, за земјоделство, шумарство и водостопанство и за животна средина и просторно планирање Драган Тевдовски, Крешник Бектеши, Горан Сугарески, Љупчо Николовски и Садула Дураки.

Средбата, велат од Комората, е во насока на имплементација на добрата практика за унапредување на јавно-приватниот дијалог меѓу Владата и приватниот сектор, како и за креирање можности за заедничка дискусија во однос на приоритетите на економската програма на Владата и отворените прашања кои се од интерес за бизнис заедницата.

Би можело да ве интересира

Владата е обединета, единствена, имаме чиста двотретинска поддршка, тврди премиерот Мицкоски

Владата планира капитацијата за матичните лекари да се движи помеѓу 20 и 30 отсто

Бугарската влада на Росен Желјазков го преживеа гласањето за недоверба

Одлуката на САД за царинските трошоци, нема да има голем импакт врз нашата економијa тврди Владата

Влада: Засега немаме добиено барање од СДСМ за лидерска средба

Владата ги осуди неодговорните и неетички постапки на одредени странски медиуми во однос на известувањето на трагичниот настан во Кочани