Работилница на тема „Користење на средства од Инструментот за претпристапна помош на Европската унија за рурален развој – ИПАРД 2014 – 2020“ денеска ќе се одржи во Тетово.
На работилницата ќе бидат претставени можностите што се нудат преку ИПАРД 2 Програмата како и деталите за Јавниот повик за аплицирање за Мерка 1 „Инвестиции во материјални средства на земјоделски стопанства“ како и за Мерката 3 „Инвестиции во материјални средства за преработка на земјоделски и рибни производи“.
На работилницата бизнис заедницата ќе може да постави и конкретни прашања околу аплицирањето и можноста како да се добијат европските средства.