Работилница за користење на 25 милиони евра од програмата ИПАРД 2

Од:

Вкупно 25 милиони евра во рамките на два повици од ИПАРД 2 програмата им стојат на располагање на земјоделците, информираше директорот на Агенцијата за финасиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Николче Бабовски.

Тој заедно со претставници од повеќе надлежни институции учествуваше на денешната работилница на тема „Користење на средства од Инструментот за претпристапна помош на ЕУ“, односно ИПАРД 2014- 2020 што се одржа во Тетово. Бабовски посочи дека работилницата е втора по ред и оти таа има за цел да ги информира земјоделците и сите други заинтересирани околу правилата и процедурите што треба да се почитуваат и следат при барање на поддршка од оваа програма за подршка од ЕУ при која земјоделците добиваат назад 50 отсто од својата инвестиција. Според него, многу е важно и земјоделците од полошко да добијат точни и навремени информации како регион со развиено земјоделство но и соодветна преработувачка индустрија.

– Од ноември тече рокот за пријавување за мерката 3 од оваа програма и тој ќе заврши на 29 јануари. Тука се определени средства во висина од околу 13 милиони евра за поддршка на производството на месо, млеко, живина, јајца, овошје, зеленчук, житарки, вино, оцет, млечни продукти, скроб и слично. Во мерката 1 со која сакаме да постигнеме моддернизација на земјоделското производство се предвидува поддршка во изградбата на складишта и магацини за добиточна храна, опрема за оранжериско производство, системите капка по капка, машини и опрема но не и набавка на трактори бидејќи за тоа беа потрошени сите определени средства уште во првиот повик. Тука на располагање на земјоделците им стојат околу 12 милиони евра или вкупно во двете линии околу 25 милиони евра, рече Бабовски.

Според податоците од оваа Агенција во првиот повик на програмата ИПАРД 2 биле прифатени околу 940 проекти на земјоделците со вкупна вредност од околу 18 милиони евра при што на корисниците веќе им биле вратени 1,4 милиони евра.

На работилницата во Тетово присуствуваше и директорот на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството од Битола Елгафар Јусуфи, кој потврди дека како и досега нивните вработени им се постојано на располагање на сите земјоделци за совети околу потребната документација и начинот на аплицирање за средствата од ИПАРД 2.

Би можело да ве интересира

Продолжен рокот за поднесување на барања по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година

Катерина Ѓуровски

Николовски: Со првиот повик од ИПАРД 3 програмата го срушивме рекордот на интерес кај земјоделците

Над 50 милиони евра поддршка преку ИПАРД и „Млад земјоделец“

Предраг Петровиќ

Љупчо Николовски: Објавен првиот повик за ИПАРД 3 програмата

Катерина Ѓуровски

Димковски: ДПМНЕ е криминална партија, проневерила средства и од ИПАРД

Николовски: Објавен нов јавен повик од ИПАРД II, 5 милиони евра инвестициски фонд ставаме на располагање за проекти преку мерката 3

Ана Ололовска