Путин: Русија ќе се откаже од проектот Јужен тек

Од:

Русија е принудена да се повлече од проектот Јужен тек, поради неподготвеност на ЕУ да го подржи гасоводот, изјави рускиот претседател Владимир Путин и додаде дека гасот ќе биде пренасочен на други купувачи.

Тој на заедничката конференција со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган истакна дека со оглед на фактот што до сега Русија не добила дозвола од Бугарија, веруваат дека во актуелните услови не може да продолжи со реализација на овој проект.

– Веруваме дека ставот на Европската комисија беше контрапродуктивен. Впрочем не само што не беше од помош во имплементација на проектот, туку како што може да видиме создаде и бариери. Значи доколку Европа не го сака, нема ни да го има-нагласи Путин.

Меѓу другото рускиот претседател најави дека Русија ќе ја намали цената на гас за Турција за околу шест проценти во наредната година и дека ќе ја зголеми количината на испорака на гас за дополнителни три милијарди кубни метри.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

„Комерсант“: „Газпром“ го воскреснува „Јужен поток“

Ана Ололовска

Анкета: Србите и Бугарите стравуваат поради откажувањето на Јужен поток

Емир Латифовиќ

„Турскиот поток“ ќе оди по трасата на „Јужен поток“

Ана Ололовска

Вашингтон: Изградбата на „Турски поток“ отвора дилеми

Ана Ололовска

„Ведомости“: „Газпром“ би можел да го возобнови „Јужен поток“

Ана Ололовска

Гасовод од Грција преку Македонија и Србија алтернатива за „Јужен тек“

Ана Ололовска