„Ведомости“: „Газпром“ би можел да го возобнови „Јужен поток“

Од:

При изградбата на гасоводот „Турски поток“, „Газпром“ најверојатно ќе ја користи маршрутата низ Црното Море што беше планирана за проектот „Јужен Поток“, со што, доколку работите се променат во следните години, рускиот енергетски гигант ќе може да изгради траса кон Бугарија и да го возобнови планот за изградба на балканскиот гасовод, наведува московскиот весник „Ведомости“.

– „Газпром“ за „Турскиот поток“ ја избра маршутата предвидена за „Јужен Поток“ веројатно со цел да ја остави отворена можноста за враќање кон откажаниот проект, изјави за весникот рускиот аналитичар Валериј Несторов.

Тој наведува дека во ваков случај турските корисници дирекно би добивале гас од Русија преку предвидениот гасоводот по дното на Црното Море, од кој еден крак би одел кон Турција, а друг кон Бугарија, по тарсата преходно планирана за „Јужен поток“.

– Во таков случај „Газпром“ ќе има многу посилни позиции во преговорите со ЕУ, смета Несторов.

Експертите оценуваат дека планот првата траса од гасоводот „Турски поток“ да профункционира до крај на 2016 година е изводлив, доколку „Газпром“ обебзеди средства за негова реализација, имајќи предвид дека компанијата е опфатена со санкциите воведени кон Русија поради кризата во Украина.

Покрај „Турскиот поток“, во следните четири до пет години „Газпром“ планира да ги изгради и гасоводите „Силата на Сибир“ и „Алтај“, преку кој би се дистрибиурал руски гас до Кина.

Енергетски експерти во изјави за весникот „Комерсант“ изразуваат сомнеж дека „Газпром“ ќе може да обезбеди средства за изградба на трите гасовди.

Џонатан Стерн од Оксфордксиот институт за енергетски истражувања предлага „Газпром“ да изгради две цевки на проектот „Турски поток“ со капацитет од 30 милијарди метри кубвни гас, кои би ги задоволиле потребите на поторшувачите во Турција и во земјите од Југоситочна Европа.

Извор во „Газпром“ за „Ведомости“ наведува дека во изградбата на „Туркиот поток“ ќе бидат користени цевките кои беа произведени за проектот „Јужен поток“, а кои чинат околу милијарда евра.

Би можело да ве интересира

Ковачевски: Ќе се покачи цената на струјата поради таксата од Бугарија за рускиот гас

Орце Костов

Бектеши: Ако Бугарија ни наметне такса за рускиот гас, ќе бараме оштета

Орце Костов

Хајка во Британија поради спонзорот на Црвена Звезда

Предраг Петровиќ

Путин потпиша нов указ: На Гаспром му се забранува да купува природен гас поскап од редовните цени

А1он

Германскиот увозник „Унипер“ го тужи „Газпром“ за неиспорачување гас

Газпром нема да ја прекине испораката на гас за Молдавија

А1он