Путин: Русија 65 проценти од плаќањата со земјите од БРИКС го врши во национална валута

Од:

Русија приближно 65 отсто од плаќањата со земјите од БРИКС го врши со национални валути, изјави претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, за време на неговото обраќање на Источниот економски форум во Владивосток.

Зборувајќи за економските теми, Путин додаде дека Русија не спроведува дедоларизација, туку се приспособила на ситуацијата кога и беше одбиено плаќањето во долари, пишува порталот Ведомости.

„Мислам дека веќе разбираат дека згрешиле, но не можат да скршнат од тој пат, не им е удобно да признаат дека згрешиле. Алатките што ги користат не функционираат. Се движиме кон националните валути и тоа е тоа, рече тој.

Според него, ситуацијата во светот се менува и земјите од глобалниот југ учествуваат со повеќе од 50 проценти од глобалниот БДП.

Руската економија постојано се развива. Се очекува до крајот на 2024 година растот на БДП да биде поголем од минатата година, а во првата половина од годината руската економија веќе порасна за 4,6 отсто, додаде Путин.

Стапката на невработеност во Русија е само 2,4 отсто, а во некои индустрии недостига соодветен кадар.

„Мораме да се грижиме за населението, да го зголемиме наталитетот, да создадеме услови луѓето да имаат многудетни семејства, да биде модерно да имаат многу деца“, рече претседателот на Русија.

Според Путин, друг начин да се реши проблемот со недостигот на персонал во Русија е да се зголеми продуктивноста на трудот.

Би можело да ве интересира

ВО ЖИВО: Москва го слави денот на победата над фашизмот, Џипинг, Фицо, Вучиќ му се гости на Путин

Закани без ефект: Фицо ја заобиколува половина Европа за да стигне до Путин

ВИДЕО: Си Џипинг пристигна во Москва, Путин го нарече „драг пријател“

Катерина Ѓуровски

Апасиев се пофали со поканата за парадата на Путин за Денот на победата

ВИДЕО: Наместо разбирање, Западот нуди само закани обвини Вучиќ од Москва

Катерина Ѓуровски

Авионот на Вучиќ на пат кон Москва приземјен во Баку

Катерина Ѓуровски