ВИДЕО: 500 и 10 денарка првите пари со новото име, нема да бидат двојазични

Од:

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, информира дека новите банкноти со новото име Република Северна Македоија може да се очекуваат во оптек во јануари 2020 година. Првите пари со новото име што ќе ги користат граѓаните се банкнотите 500 и 10 за кои има распишано тендер.

„Парите ќе се повлекуваат и ќе се пуштаат во оптек во согласност со природниот циклус и потребите. Очекуваме првите банкноти да излезат на почетокот од следната година. Ова е подолг процес, но ние веќе имаме распишано два тендера и очекуваме таа постапка да биде реализирана во согласност со нашите проекции“, рече Ангеловска-Бежоска.

На прашањето дали парите ќе бидат двојазични, таа рече дека засега на првите банкноти со новото име не е предвидено да пишува на албански јазик, но дека во иднина ќе се консултираат со надлежни институции за спроведување на Законот за употреба на јазиците дали ќе има промени.

„На новите пари во согласност со Законот за јазиците ќе бидат застапени мотиви и симболи од албанската култура и тоа е веќе реализирано“, рече Ангеловска-Бежоска.

Целиот процес за замена на парите со старото име ќе трае околу 5 години, а евентуално забрзување на процесот може да се очекува со отворањето на соодветното поглавје од преговорите со ЕУ.

Габриела Димковиќ-Мишевска

Би можело да ве интересира

Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити за домаќинствата во март 5,4 проценти

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

Девизните резерви на крајот на февруари 4,28 милијарди евра

Се одржа јубилејната 50. сесија на Клубот на истражувачите

Надворешниот долг е зголемен за 305 милиони евра во последните три месеци од 2023 година

Орце Костов

Просечната каматна стапка на вкупните кредити во јануари зголемена, кај депозитите намалување на месечно ниво