Прва медиумска средба на земјите од БРИКС

Од:

Во Пекинг започна првата средба на високо ниво на медиумите од земјите од БРИКС.

На средбата учествуваат директори на најголемите информациски агенции, телевизиски и радио компании, интернет портали и весници во Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужноафриканската Република, во кои живее над 40 отсто од светското население.

Медиумските шефови ќе разговараат за зајакнување на взаемното дејствување на медиумите од БРИКС во борбата против тероризмот, кризата во економијата, политиката на двојни стандарди и други сериозни предизвици, со кои се соочува светот.

Пред присутните се обратил Лу Јуншан, член на Постојаниот комитет на Политбирото при Централниот комитет на Кинеската комунистичка партија.

Би можело да ве интересира

Трамп: САД ќе воведат санкции за земјите од БРИКС доколку усвојат сопствена валута

На самитот на БРИКС се договара напуштање на доларот

Уште една држава сака да се приклучи на БРИКС, бара поддршка од Москва

Предраг Петровиќ

Лавров: Аргентина и Иран се на пат да станат членки на БРИКС

Ана Ололовска

Уште две земји сакаат да се приклучат на групата БРИКС

Иран бара членство во БРИКС

Ана Ололовска