Протести против поскапената струја и парно греење

Од:

„Лопови, лопови“, „Граѓанска непослушност“, Нема да ви плаќаме“. Вака незадоволните граѓани од поскапувањето на струјата и парното греење протестираа пред Регулаторната комисија во Скопје. Од тука сите што се одзваа на повикот на граѓанската иницијатива „Аман“ продолжија со протестот по улицата „Македонија“, а од тука пред Собранието на РМ.

Од иницијативата „АМАН“, повторно ги прочитаа барањата до Регулаторната комисија меѓу кои да се укине ставката за ангажирана моќност од 33 отсто во сметката за електрична енергија, да се врати евтината дневна тарифа на струјата, да се запре понатамошната приватизација и докапитализација на енергетскиот сектор во државна сопственост, да се вложува во гасификација и обновливи извори на енергија, итно да се повлече новиот правилник на АД „Топлификација“ кој, според нив, е неуставен и да се намали цената на горивата во согласност со стандардот на граѓаните.

Од АМАН повторија дека протестот продолжува секој вторник се до исполнување на барањата. Протести се организираат и во повеќе градови во Македонија.

Би можело да ве интересира

Вработените во Матица Српска ги поддржаа студентите

(ВИДЕО) Масовен протест во Нови Сад

(ВИДЕО) Поддршка за Александар Вучиќ во Скопје

Горан Наумовски

Протести против АфД во Германија, полицијата употреби солзавец против демонстрантите

СДСМ: Десетина милиони евра се извлечени од џебовите на народот од страна на големите трговци

Вработените од „Улици и патишта“ најавија целосна блокада на градот, доколку не земат плата