Протест на тутунари од Прилепско, бараат реална процена на тутунот

Од:

Дел тутунари од Прилепско денеска еден час го блокираа магистралниот пат Прилеп-Градско, на излезот од градот кон Плетвар барајќи, како што велат, реална процена на тутунот, а не за класа пониско како што е сега со што се оштетени производителите.

Според Љупчо Ѓорѓиоски, тутунар од Прилеп, неоткупени се околу 2 000 тони тутун.

-До новогодишните празници, тутунот се откупуваше многу реално, како што си ги носи класите. Сега се купува за класа пониско. Имаме голем проблем. Сакаме да ни се откупи по цена по која се купуваше реално, а не класа подолу, да се отворат сите пунктови и сите што откупуваа да го платат според реалната класа. Ништо повеќе не бараме. Дома имам 100 картони неоткупен тутун. И да се донеси закон за да не се увезува тутун, туку македонскиот тутун, тип „Прилеп“, да се откупува и реално да се плати. Сите компании имаат по еден пункт отворен и ни сугерираат која класа да го дадеме, вели Ѓорѓиоски.

Велат дека реагирале до инспекциските служби, но оти никој не презел ништо.

– Работам пет тони тутун. Имам уште неоткупени околу 80 картони со тутун. На пунктот ми одредува која класа двојка или трета класа, а тутунот е за прва. Воопштои не сум задоволен, а почна по новогодишните празници. не знам зошто, вели тутунарот Славе Илиоски.

Атанас Велјаноски, тутунар од прилепското село Галичани има вкупно род од 14 тони. Дома има уште пет тони.

– Не бараме ништо повеќе од реалната процена. Тутунарите кои имаат уште за откуп се оштетени и онеправдани, вели Велјаноски.

Според тутунарите, откупните компании не сакат да го дооткупат тутунот иако со нив имаат договори, а погласни се шпекулациите за тутун што се увезува. Битно им е велат, прво да се откупи домашното производство.

Тутунарите најавуваат протести и понатаму.

Би можело да ве интересира

Маж падна во провалија, со тешки повреди згрижен е во прилепската болница

Полицијата во Неготино заплени 283 килограми тутун

Горан Наумовски

Пламна пожар во стан во Прилеп, две жени завршија во болница

Финансиска полиција ја тресе прилепската болница

Истрага за 50-годишен прилепчанец за обид за убиство на социјален работник

А1он

Јанкоски: ЛДП бара итна и темелна истрага за нападот на вработената во социјалното во Прилеп