Просечната старост на автомобилите во БиХ изнесува 16,9 години

Од:

Возачите во Федерацијата БиХ и натаму ги возат старите автомобили, а се помалку купуваат нови. Во 2012 година нарасна увозот на возила со старост од девет до 12 години, додека продажбата на нови возила опадна за приближно 40 отсто во однос на претходната година, соопштено е на прес конференцијата во Надворешнотрговската комора.

Возачите најмногу возат автомобили произведени 1992 година и постари, што изнесува 37,59 отсто од вкупниот број автомобили во Федерацијата БиХ. Следат возилата што се произведени од 1998 до 2002 година со 26,17 отсто, потоа од 2003 до 2007 година со 18,69 отсто, 9,58 отсто возила се произведени во периодот од 1993 до 1997 година, а возилата произведени од 2008 до 2012 се најмалку застапени со 7,97 отсто.

Најголема просечна старост на возилата во Федерацијата БиХ е онаа кај тракторите која изнесува 26,61 години, додека најмлади се моторите на четири тркала со просечна старост од 5,4 години.

Просечната старост на патничките автомобили во 2012 година изнесуваше 16,99 години, незначително повеќе отколку во 2011 година, кога изнесуваше 16,93 години.

Граѓаните на  Федерацијата БиХ поседуваат 63 отсто возила што се придвижуваат на  дизел гориво, додека оние кои се движат на  бензин е 37 отсто.

Босанците и Херцеговците најчесто возат патнички возила на производителите Фолксваген, Опел, Шкода и Рено.

На техничките прегледи во минатата година најчесто воочени дефекти биле на системот за кочење и тоа цели 12.015, потоа на светлата кај 1.699 возила, а најмалку кај системите за издувни гасови, само шест случаи.

Би можело да ве интересира

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина