Просечната плата во јануари изнесува 21.185 денари

Од:

Просечната исплатена нето и бруто плата во јануари се зголемени за еден процент во однос на истиот месец минатата година. Исплатената нето плата во јануари изнесува 21.185 денари, а бруто платата 31.090 денари.

Според податоците на Државниот завод за статистика, зголемувањето кај нето и бруто платата се должи пред се на покачувањето на исплатените плати во секторите Рударство и вадење на камен, Други услужни дејности и Градежништво.

Намалување на нето и бруто платите во однос на претходниот месец е забележано во секторите Информации и комуникации, Административни и помошни услужни дејности и Финансиски дејности и дејности на осигурување.

Во јануари два процента од вработените не примиле плата.

Би можело да ве интересира

Со плати под просечната, новинарите даруваа крв и го одбележаа Светскиот ден на медиумите – 3 мај

Орце Костов

Вработените во Фондот за здравство најавија генерален штрајк ако не добијат по 2392 денари усогласување на плата

Орце Костов

Џафери: Владата има обврска да спроведува закони, затоа ги усогласивме коефициентите за плата

Орце Костов

Синдикалната минимална кошница за март 58 998 денари, само за еден месец се зголеми за 1522 денари

Орце Костов

Ковачевски: Успеавме просечната плата да ја издигнеме на 40.000 денари

Отворена стечајна постапка за поранешно Фени: На работниците им должи 2,18 милиони евра за плати

Орце Костов