Просечната плата во Црна Гора достигна 530 евра

Од:

Просечната месечна нето-плата во Црна Гора за мај 2021 година изнесува 530 евра, додека бруто-платата е 792 евра, соопшти Заводот за статистика – Монстат.

Просечната нето плата во мај се зголеми за 0,2 проценти во споредба со април, додека во споредба со мај минатата година забележа зголемување од 2,3 проценти.

Ако се има предвид дека потрошувачките цени во мај годинава се зголемија за 0,3 проценти на месечно ниво, следува дека реалните плати во истиот период паднаа за 0,1 процент, јавија црногорските медиуми.

Би можело да ве интересира

Четворица српски државјани повредени во сообраќајка во Црна Гора

Просечната нето-плата во февруари 43.053 денари

Мелони е уверен дека Црна Гора ќе стане 28-та членка на ЕУ

Земјотрес ја погоди Црна Гора

Просечната исплатена нето плата во јануари e 43.050 денари

Црногорската војска го спаси Ивица Костелиќ од морето кај Улцињ