Промовирана новата „Мазда 6“

Од:

На меѓународнaтa промоцијa, која штотуку се оддржа во Португалија, јавноста имаше прилика да се запознае со новата генерација на „Мазда 6“.

Развиена на концептот „Takeri“, новата „Мазда 6“ е вториот модел на оваа компанија што ја усвојува „SKYAKTIV“ технологијата и новиот „KODO“ (душа на движењето“) дизајнерски јазик.

Новата „шестка“ воедно е и првиот автомобил што ќе го има регенеративниот систем за кочење на „Мазда“ – i-ELOOP.

Меѓуосовинското растојание на новата генерација на „шестката“ е зголемено од 105 мм, така што сега изнесува 2.830 мм.

Новата „Мазда 6“ е долга 4.865 мм, широка 1.840 мм, а висока 1.450 мм.

Во „Мазда“  наведуваат дека благодарение на поголемите димензии возачот и совозачот ќе имаат дополнителни 20 милиметри во пределот меѓу рамената, додека патниците на задните седишта ќе добијат нови 43 милиметри простор за колената.

Багажникот на лимузината, чии врати сега се отвораат пошироко отколку на претходниот модел, располага со 489 литри запремнина, додека кај караванот запремнината на багажникот изнесува 522 литри.

Бензинските мотори со запремнина од 2.0 литри, со директно вбризгување се достапни во верзиите од 145 КС и 165 КС.

Цената на моделот почнува од 21.990 евра за основниот бензинец и стигнува до 33.900 евра за најдобро опремениот и најсилен дизел.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

Орце Костов

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

Орце Костов

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

Орце Костов

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

Орце Костов

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска