Промовиран проектот „Електромобилност со ЕВН Македонија“

Од:

ЕВН Македонија во рамки на проектот „Електромобилност со ЕВН“ постави над 40 станици за полнење на електрични возила во 17 градови низ Македонија, најчесто на централни локации на јавно достапни паркинзи. Од нив 21 станица се поставени во Скопје, каде има и станици поставени во рамки на фреквентни бизнис објекти како хотели, ресторани и шопинг центри.

Секој заинтересиран сопственик на електрично возило може да ја користи мрежата на електрични полначи на ЕВН Македонија. За да може да го направи тоа неопходно е да се пријави во компанијата и да добие електронска катичка со која се активира полнењето.

Како што информира претседателот на УО на ЕВН Македонија Штефан Петер, до крајот на годинава во рамки на проектот „Електромобилност со ЕВН“ полнењето на електрични возила ќе биде бесплатно, а во текот на наредната година ќе се одреди цена што се очекува да биде пониска од цената на бензинот.

– ЕВН во рамки на проектот за електромобилност веќе една година работи на поставување полначи за електрични возила. Досега имаме поставено полначи во 17 градови во Македонија, најчесто на централните плоштади за да можат да се најдат лесно, а со тоа го решаваме проблемот на малата километража што некои електрични возила може да ја постигнат. Во Скопје веќе имаме инсталирано повеќе од 10 полначи, од кои еден во винаријата Камник. Следен чекор ни е да навлеземе во комерцијална соработика со некои хотели и ресторани за и таму да поставиме полначи, изјави Петер.

Тој нагласи дека во Македонија сега само недостига поголем број на електрични возила, што имаат повисока цена од конвенционалните, но додаде дека тоа е цената која сите треба да ја платиме за чистиот воздух.

Наталија Кузмановска од винаријата Камник посочи дека им е задоволство што комплексот Камник е дел од мрежата на ЕВН за имплементација на електрични уреди.

– Камник е една од првите бизнис компании што го имплементираше тоа. Веруваме дека на тој начин ќе успееме да го развиеме трендот на примена на електричните возила и дека како врвна туристичка дестинација ќе придонесеме за привлекување на поголем број на туристи во Македонија, рече Кузмановска.

Изрази надеж дека и другите бизнис компании ќе се приклучат на овој тренд, а со тоа, како што рече, ќе придонесат за заштита на животната средина.

Би можело да ве интересира

МВР: Полициски инспектор крадел струја од бандера на ЕВН

Горан Наумовски

Без напон два далекувода за трафостаниците „Аеродром“ и „Исток“, на терен екипи на Електродистрибуција

Предраг Петровиќ

Елиминирањето на конкуренцијата во изборот за универзален снабдувач граѓаните ќе ги чини стотици милиони евра повеќе за сметки за струја

А1он

Универзалниот снабдувач избран без да се овозможи конкуренција, граѓаните ќе плаќаат милиони евра повеќе за струја

А1он

За универзален снабдувач прифатена понудата на ЕВН Македонија електроснабдување ДООЕЛ Скопје и ЕВН Македонија АД Скопје

ЕВН ќе ги снабдува граѓаните со струја и во следните пет години

A1on