Промоција на Сертификационо тело за градежни производи

Од:

Првото сертификационо тело за градежни производи кое е акредитирано од Институтот за акредитација на Република Македонија  ќе биде промовирано денеска во Скопје.

На официјалната промоција ќе се обратат министерот за економија Дритон Кучи и директорот на Институт за акредитација Трпе Ристоски.

Ова посебно тело, дел од Градежен Институт Македонија, е формирано врз основа на Решение издадено од Министерството за економија согласно Законот за градежни производи.

ГИМ Сертификација е тело за Сертификација на градежни производи и Сертификација на контрола на фабричко производство. Со формирање на сертификационотo тело за градежни производи, ГИМ Сертификација, овозможено е примена на Законот за градежни производи во Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Работниците од целиот свет ги побараа своите права за Први мај

Американската економија падна за прв пат по три години, Сенатот одби да ги поништи царините на Трамп

Потврдите за неосудуваност целосно достапни на порталот – uslugi.gov.mk

Предраг Петровиќ

Средби со ММФ: Соодветните политики на Народната банка придонесоа за јакнење на отпорноста на шокови

Силен раст на Волстрит трет ден по ред

Горан Наумовски

Путин: Економската ситуација во светот станува сè покомплицирана